Екипата на Воска Спорт за првпат во својата историја ќе игра во финалето на Купот на Македонија. Охридската екипа поради победата од 2:0 на првиот меч се пласира во финалето. Денеска на стадионот во Ѓорче Петров, Македонија ЃП, која патем е бранител на трофејот, победи со 2:1 што не беше доволно за пласман понатаму.
Во 12 минута Воска поведе. Андре шутира од далечина, топката удри во домашен дефанзивец и дојде до Јахии кој очи во очи со голманот ја погоди мрежата. Во 18 минута по одлична акција Фазли ја затресе мрежата за 1:1.
Во второто полувреме, Македонија го сврте резултатот. Захов направи прекршок за пенал, а од белата точка погоди искусниот Крсте Велкоски.
На „лавовите“ им требаше уште еден гол за да дојдат барем до пенали па таку да бараат пласман до финалето. Но не го постигнаа, па Воска во финалето.
Финалето на Купот на Македонија 2024 е Воска Спорт – Тиквеш.