Воска слави историски пласман во финалето на Купот! (ВИДЕО+ФОТОГАЛЕРИЈА)

842

Екипата на Воска Спорт за првпат во својата историја ќе игра во финалето на Купот на Македонија. Охридската екипа поради победата од 2:0 на првиот меч се пласира во финалето. Денеска на стадионот во Ѓорче Петров, Македонија ЃП, која патем е бранител на трофејот, победи со 2:1 што не беше доволно за пласман понатаму.
Во 12 минута Воска поведе. Андре шутира од далечина, топката удри во домашен дефанзивец и дојде до Јахии кој очи во очи со голманот ја погоди мрежата. Во 18 минута по одлична акција Фазли ја затресе мрежата за 1:1.
Во второто полувреме, Македонија го сврте резултатот. Захов направи прекршок за пенал, а од белата точка погоди искусниот Крсте Велкоски.

На „лавовите“ им требаше уште еден гол за да дојдат барем до пенали па таку да бараат пласман до финалето. Но не го постигнаа, па Воска во финалето.

Финалето на Купот на Македонија 2024 е Воска Спорт – Тиквеш.

ПретходноКочоски со нов мотоцикл до победа и второ место на стартот од сезоната во БМУ!
СледноКуп-1/2 финале:Кавадарци ГОРИ, Тиквеш е во финале! (ВИДЕО)