Еве како кадетите на Вардар се радуваа по пласманот во финалето на Купот на Македонија! (ВИДЕО)

443

Вчера попладне во Штип, во првото полуфинале за кадети во Купот на Македонија беше супер интересно. Кадетите на Брегалница и Вардар одиграа 1:1, а по изведувањето на пеналите победа и пласман во финалето славеа кадетите на Вардар кои ги реализираа сите четири пенали, петтиот немаше потреба да се шутира па така можеше да почне големото славје кое започна на теренот а продолжи во соблекувалната на гостите.

А таму се пееше и се прославуваше големиот успех на момците на тренерот Пепи Ѓорѓиевски.

Во финалето Вардар ќе игра против подобриот од вториот полуфинален меч меѓу Шкупи и Шкендија кој е закажан на 23 април.

ПретходноЛуис Енрике: Чекаме да господинот Мбапе се огласи околу неговото останување во ПСЖ!
СледноЕлиминацијата на Барса на Атлетико Мадрид му донесе 50 милиони евра!