ЛШ Полувреме: Родриго за радост на Реал на „Етихад“, без погодоци во Минхен (ВИДЕО)

127

Фудбалерите на Реал (М) водат со 0:1 (ВИДЕО) по првиот дел на реванш четвртфиналето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити на „Етихад“. Родриго ја искористи единствената вистинска шанса која ја направија момците на Анчелоти и во 12. минута ги донесе во водство. Манчестер Сити по примениот гол тргна во комплетна офанзива, креираше најмалку 3-4 убави шанси за израмнување, но Лунин и дефанзивците на Реал не дозволија да се затресе нивната мрежа.

На вториот меч во Минхен, првиот дел заврши без погодоци (0:0). Баерн (М0 имаше повеќе од играта во поголемиот дел од првото полувреме, но двете убави шанси кои ги креираа баварците успеа да ги одбрани фантастичниот голман на „топчиите“, Раја.

ПретходноРемек дело на Делалиќ со звукот на сирената, на Широки му се случи дежа-ву во режија на Војдан (ВИДЕО)
СледноВо Барселона веќе немаат дилеми кој ќе го замени Чави на клупата