НБА плеј-оф: Леброн си закажа дуел со Јокиќ, Голден Стејт доживеа болна елиминација!

1898

Денвер против ЛА Лејкерс или Јокиќ против Леброн. Ова ќе биде еден од дуелите во првата рунда во годинашниот плеј – оф во НБА на западот. Имено утринава Лејкерси во доигрувањето славеа против тимот на Њу Орлеанс со 110:106.

Леброн заврши со 23 поени, 9 скокови и 9 асистенции, додека бадијала беше одличната партија на Вилиамсон кај поразениот тим кој мечот го заврши со 40 поени и 11 скокови.

Инаку Њу Орлеанс сега ќе игра плеј – ин против Сакраменто кој пак во доигрувањето успеа да го елиминира Голден Стејс со 118:94.

Клеј Томпсон имаше неверојатено лоша шутерска ноќ. Упати 10 шута за тројка и не успеа да реализира ниту еднаш.

Дали ова е крај на големиот Голден Стејт, клуб кој што во изминатата деценија и повеќе беше главен фактор во НБА?

Се чини дека да.

ПретходноЧави: Судијата беше катастрофа! (ВИДЕО)
СледноЛуис Енрике: Чекаме да господинот Мбапе се огласи околу неговото останување во ПСЖ!