По средбата со легендарниот Сол Кембел, Драган Ковачки кој е носител на листата на ВМРО – ДМПНЕ на претстојните избори во третата изборна единица, имаше средба и со нашата фудбалска икона, Горан Пандев. Се разбира дека главна тема на разговорот беше фудбалот во Македонија, кој не е на посакуваното ниво, а посебно на истокот. Ковачки имаше можност од првиот човек на Брера да ги чуе размислувањата за тоа како да се унапреди мак – фудбалот.
Секако дека секој совет од таква личност како Пандев е добредојден.