Откако заработи потешка повреда уште на почетокот на неделното градско дерби со Вардар, напаѓачот на Работнички, Влатко Стојановски, денеска е опериран во Скопје.
Стојановски имаше повреда на Ахиловата тетива, а хируршкиот зафат успешно го изведе д-р Несторовски во Градската општа болница „8 Септември“.
„Влатче, ти посакуваме брзо опоравување и те чекаме да ни се вратиш на терен“, му порачаа од клубот.