Ѓорѓи Мојсов: Фантастичен успех на Тиквеш, сега одиме по пехарот во Купот!

1026

Голем, фантастичен успхех на Тиквеш. По голема полуфинална битка со силниот Шкупи, фудбалерите на Тиквеш преку пенал – рулетот успеаја да дојдат до историски пласман во големото финале во Купот на Македонија.

Сега е време за славење, време за еуфорија, а тренерот на финалистот, Ѓорѓи Мојсов за “СпортСпорт“ изјави.

Ова е фантастичен успех за Тиквеш. Да се елиминира во полуфиналето на Купот веројатно најквалитетниот тим во Македонија, е голема работа. Но тоа ја покажува и нашата сила. Се разбира честитки за играчите кои го дадоа и повеќе од максимумот, благодарност до „Лозари“ на поддршката, без нив немаше да успееме. Благодарност до сета публика која дојде денеска да не бодри и ја имаше во огромен број. Честитки за сите во клубот. Ова остварување на сонот на многу генерации играчи, ете ние успеавме“ посочи Мојсов.

Во финалето Тиквеш во битка за пехарот за ривал ќе го има тимот на Воска Спорт.

Ако веќе сме во финалето тогаш одиме по пехарот, нема дилеми. Респект за секој противник, но ние сме Тиквеш, не се плашиме од никого и одиме по пехарот. На крај да кажам дека сум пресреќен што ете на нашиот град му го донесовме овој голем успех. Сите сме горди. Сега ќе славиме а потоа сите мисли ќе ни бидат кон големото финале“ заврши стратегот на кавадарчани.

ПретходноКуп-1/2 финале:Кавадарци ГОРИ, Тиквеш е во финале! (ВИДЕО)
СледноРомарио се врати на терените на 58 години