Кошаркарската асоцијација на САД го објави списокот на играчи кои ќе учествуваат на претстојните Олимписки игри во Париз. Американските медиуми претходно го објавија списокот на играчи, а од Федерацијата денеска само ги потврдија тие наводи.
На олимпискиот турнир во дресот на САД ќе играат Леброн Џејмс од ЛА Лејкерс, Стивен Кари од Голден Стејт, Кевин Дурент од Феникс, Џејсон Тејтум од Бостон и Џоел Ембид од Филаделфија.
На списокот на Стив Кер се и Ентони Дејвис од ЛА Лејкерс, играчот на Феникс Девин Букер, Ентони Едвардс од Минесота, Џру Холидеј од Бостон, центарот на Мајами, Бем Адебајо, Тајрис Халибартон од Индијана и Кави Леонард од ЛА Клиперс.
„Си даваме шанса да освоиме злато со талентот што го имаме. Ќе биде возбудливо. Ќе биде тешко. Ги почитуваме сите тимови, но сигурно ова ќе биде легендарна постава“, изјави извршниот директор на Федерацијата на САД, Грант Хил.
Седум од овие репрезентативци досега имаат освоено 10 златни медали.