Вчера попладне во Штип, во првото полуфинале за кадети во Купот на Македонија беше супер интересно. Кадетите на Брегалница и Вардар одиграа 1:1, а по изведувањето на пеналите победа и пласман во финалето славеа кадетите на Вардар кои ги реализираа сите четири пенали, петтиот немаше потреба да се шутира па така можеше да почне големото славје кое започна на теренот а продолжи во соблекувалната на гостите.
А таму се пееше и се прославуваше големиот успех на момците на тренерот Пепи Ѓорѓиевски.
Во финалето Вардар ќе игра против подобриот од вториот полуфинален меч меѓу Шкупи и Шкендија кој е закажан на 23 април.