На Чаир „врие“: „Шверцерите“ бараат смена на Жижовиќ

5190

По денешната елиминација во полуфиналето на Купот на Македонија на Чаир „врие“. Навивачите на чаирскиот состав на социјалните мрежи бараат итна промена на тренерското место, каде во се уште е Младен Жижовиќ.

Според информациите, популарните „шверцери“ навиваат нов предводник на чаирскиот прволигаш да биде Ардијан Нухиу, кој во својот стручен штаб би го имал и Муарем Бајрами, со кого работеше на кормилото на Шкендија.

Засега се уште нема официјален став од клубот, но смената на Жижовиќ е се пореална.

ПретходноКожув и Вардар со важни победи во битката за опстанок
СледноЕден чекор до нова титула: Работнички и вторпат ја победи Струмица