Надал елиминиран во втората рунда на Барселона Опен

194

По вчерашната победа во првото коло, шпанската тениска легенда Рафаел Надал е елиминиран веќе во вториот меч на турнирот во Барселона.

Тој денеска беше поразен од Алекс де Минор во два сета со 7:5, 6:1.

Почетокот на мечот донесе многу возбудувања, па и самиот сет отиде во неизвесна разврска која му припадна на Австралиецот со 7:5.

Вториот сет беше чиста спротивност и не донесе преголема неизвесност. Де Минор рано стигна до брејк (2:1), и многу брзо го потврди (4:1), по што натпреварот беше приведен до крај.

Рафаел Надал по неколкумесечно отсуство поради повреди се врати на турнирот во Барселона, но покажа дека е далеку од оној стариот Надал.

ПретходноСтојановски успешно опериран, го чека долга рехабилитација
СледноФОТО на ДЕНОТ: Историја за Тиквеш, историја за Кавадарци