Наполи замената за Осимен ја најде во француската Лига 1

241

Наполи почна да работи на трансфер на напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Дејвид е приоритет на наполитанците како замена за Виктор Осимен, кој скоро сигурно заминува од клубот на лето.

Канаѓанецот веќе се согласил на трансфер, бидејќи е привлечен од проектот на Наполи и можноста да се испроба на друг шампионат.

Почетната понуда на Наполи за Дејвид изнесуваше 35 милиони евра и бонуси, чија големина ќе зависи од настапите на напаѓачот. Лил, пак, бара околу 50 милиони за канадскиот напаѓач.

ПретходноВо Барселона веќе немаат дилеми кој ќе го замени Чави на клупата
СледноТеодосиќ суспендиран на две средби и ќе мора да плати 15.000 евра