Со тројки од паркинг, МЗТ Скопје се врати од провалија и чекираше полуфинале (ВИДЕО)

377

МЗТ Скопје се пласираше во полуфинале во плеј-офот во АБА2-лига. На втората средба против Широки беа поразени со 70-68, но благодарение на победата на домашен терен оди во следната рунда. На патот до финале на македонскиот првак стои тимот на Спартак.

МЗТ Скопје успеа со тројки да се врати во мечот, кој во еден момент изгледаше дека оди во погрешна насока. Делалиќ беше прв стрелец 18 поени, зад него беа браќата Војдан и Дамјан со по 13 поени, додека десет поени имаше Баковиќ.

Широки во првото полувреме беше многу подобар дури од Скопје. Домаќинот во првата четвртина отвори со 10-3. Следеше одговор на МЗТ Скопје, кој со серија од 11-0 поведе со 10-14. Сепак овој дел заврши во корист на противникот (18-16).

Кошаркарите на Широки не застанаа тука, во втората четвртина тргнаа со 15-4 за 33-20 во 16. минута, а имаа и плус 14 (37-33). Ова беше период во кој МЗТ Скопје губеше топки, беше под нивото во одбраната. На голема среќа „сино-белите“ со тројката на Војдан на одморот намалија на 39-28.

Многу подобра игра на македонскиот првак во третата четвртина. Баковиќ со четири поени во низа намали на 39-32, а со неговите поени во 27. минута беше 46-43. По два нереализирани напади домаќинот дојде на плус девет 53-44.

Сепак следеше серија од 10-0 за МЗТ Скопје. Дамјан и Робев погодија по една тројка, едно слободното фрлање Танасковиќ и неверојатната тројка на Делалиќ со звукот на сирената за 53-54 на стартот на последната четвртина.

Ова сценарио му одеше во прилог на македонскиот тим, се играше изедначено во последните десет минути со тоа што „сино-белите“ сигурно маршираа кон полуфиналето во АБА2-лига.

ПретходноЕден чекор до нова титула: Работнички и вторпат ја победи Струмица
СледноТФТ ја доби драмата со Чаир и обезбеди полуфинале во плеј-офот