Евролигата денеска објави дека кошаркарот на белградска Црвена звезда, Милош Теодосиќ, е суспендиран на два натпревари во Евролигата и казнет со 15.000 евра поради непочитување на член на судиската екипа.
Теодосиќ влезе во конфликт со судијата на натпреварот против Анадолу Ефес (55:100).
Откако Теодосиќ беше исклучен, тој долго се расправаше со судиите, а потоа и со тренерите на српскиот тим. Неколку соиграчи мораа да го задржат. 37-годишниот српски дефанзивец ќе ги пропушти првите два натпревари од следната сезона.