ТФТ ја доби драмата со Чаир и обезбеди полуфинале во плеј-офот

85

Во драматична завршница, кошаркарите на ТФТ успеаја да го совладаат Чаир со 70:69 и со трета победа да си го обезбедат местото во полуфиналето на кошаркарскиот плеј-оф. Мечот донесе неверојатно возбудливи последни 60 секунди, во кои Чаир кој скоро цело второ полувреме се мачеше да ја стигне разликата која ја направија домашните, на крајот за малку ќе успееше да се избори за „мајсторка“.

На мдве и пол минути пред крајот ТФТ имаше предност од 6 поени (66:60) и се чинеше дека рутински ќе го приведе мечот до победа. така не мислеа гостите, кои во последната минута влегоа во егал, па и со предност од 68:69 на 50-тина секунди до финишот. ТФТ со едно погодено слободно на Ташовски израмни на 69:69, но Чеир имаше напад за победа, кој Роби го промаши, па Хаутон ја зграби топката, доби слободни фрлања од кои реализираше едно, доволно за победа.

Ташовски со 18 поени беше најефикасен кај домашните, додека кај Чаир Галовеј постигна 26 поени. ТФТ во полуфиналето го чека МЗТ Скопје А. кој веќе има две победи над Гпстивар и му недостасува уште една за потврда на местото во полуфиналната фаза.

ПретходноСо тројки од паркинг, МЗТ Скопје се врати од провалија и чекираше полуфинале (ВИДЕО)
СледноРемек дело на Делалиќ со звукот на сирената, на Широки му се случи дежа-ву во режија на Војдан (ВИДЕО)