Македонската женска ракометна репрезентација ги дозна противниците на Европското првенство 2024 година кое ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија (28. ноември до 15 декември). „Црвено-жолтите“ се најдоа во групата А, а ќе играат против домаќинот Унгарија, Шведска и Турција. Домаќин на нашата група е Дебрецин, градот во кој машката ракометна репрезентација играше на ЕП.
Според системот на натпреварување првите две репрезентации одат во следната рунда, додека последните две се пакуваат за дома.
За женската ракометна репрезентација ова ќе биде седмо учество на Европските првенства, второ по ред, во 2022 година благодарение на РФМ и упорноста да биде домаќин на шампионатот.
𝗧𝗛𝗘 #𝗲𝗵𝗳𝗲𝘂𝗿𝗼𝟮𝟬𝟮𝟰 𝗦𝗧𝗔𝗚𝗘 𝗜𝗦 𝗦𝗘𝗧!🔥 Who will be crowned as European Champions next December in Vienna? 🤩 #catchthespirit pic.twitter.com/VlewEnoqxQ
— EHF EURO (@EHFEURO) April 18, 2024