26-годишниот кочанчанец, Марио Крстовски, продолжува да ги полни мрежите на противниците во словенечката Прва лига. Крстовски кој го носи дресот на Домжале, денеска и донесе победа на својата екипа од 1:0 во дуелот со Копер, што практично беше негов осми сезонски гол во дресот на Домжале.
Со оваа победа, Домжале се зацврсти во сигурната зона на табелата и се уште е далеку од зоната за испаѓање. Крстовски по неколку сезони минати во првенството на БиХ ова лето се пресели во Словенија каде очигледно одлично се снајде и веќе е еден од најдобрите стрелци во лигата.