Реал Мадрид има голема среќа што на својот гол го има Украинецот Андриј Лунин. Човекот кој требапе да биде трет голман, по Куртоа и Кепа, но ете доби шанса а од вчера е новиот херој на “кралевите“.
Токму Лунин им ги одбрани пеналите во серијата на Бернардо Силва и Матео Ковачиќ и го однесе својот тим во полуфиналето.
А самиот Лунин е скромен како и секогаш, неверојатно е тоа што тој во пенал – серијата не искажа никакви емоции а не се ни израдува премногу кога Рудигер погоди за конечна победа:
„Нема што премногу да кажам. Не сум јас херојот. Тимот е преполн со херои. Моите соиграчи трчаа и се бореа 120 минути, а јас не трчам ни пет минути на натпревар“ изјави Лунин.