Додека Реал го напаѓаат поради „бункерот“, Анри застана на негова страна!

1885

Реал Мадрид на пенали го исфрли бранителот на титулата Манчестер Сити во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. По 3:3 во Мадрид и 1:1 во Манчестер, екипите шутираа пенали по продолженијата, а таму беше поуспешен шпанскиот тим.

Дел од светската јавност и навивачите ги прозваа Реал Мадрид и Карло Анчелоти бидејќи играа бункер во поголемиот дел од натпреварот. Имаше само 33% посед, осум шута (противникот имаше 34) и еден корнер наспроти 18-те на Сити. Сепак, Тиери Анри го бранеше својот поранешен лут ривал и неговиот тренер.

„Постои нешто што се нарекува одбрана. Можете да ја контролирате играта ако се браните доволно добро. Луѓето ќе речат дека Манчестер Сити беше многу подобар тим, но одбраната е дел од играта. Мислам дека подобриот тим е оној кој добро брани во текот на целиот натпревар“, рече тој.

ПретходноСкандал: Мбапе ги провоцирал Каталонците, па предизвикал општа тепачка!
СледноКејн: Баерн може да ја освои Лигата на шампиони