Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа денеска загуби од Италијаната Дебора Киеза со 0:2 во сетови или 4:6, 4:6. Ова беше меч од осминафиналето од Фјучрсот во Копер (Словенија).
По малку неочекувано ако се знае дека Лина деновиве беше во добра форма, тоа најубаво го покажа и докажа со настапите за Македонија во БЏК – Купот кога беше една од најзаслужните за 4.место во втората Евроафиканска зона.