Хаос во ракометната српска лига: Црвена Звезда го напушти теренот (ВИДЕО)

1055

Повторно хаос во српскиот спорт, ракометарите на Црвена звезда го напуштија теренот среде мечот со Дубочица во баражот од Суперлигата. Играчите на Звезда се повлекоа од натпреварот во Лесковац во 43. минута од играта.

При водството на тимот од Лесковац 25:22, Огњен Кајганиќ од Црвена Звезда ги принуди своите играчи да одат во соблекувална. Целиот хаос настана кога еден од играчите на Звезда доби удар во глава. Тренерот на „црвено-белите“ влезе во конфликт со судиите, истото го сторија и играчите и навивачите. Откако не беше досуден седмерец, ракометарите на Звезда го напуштија теренот.

 

ПретходноРома го официјализира новиот тренер, Мурињо доби потврда дека бил изигран
СледноВо Виена ќе биде исцртан евро-патот на македонските ракомерки!