Рома го официјализира новиот тренер, Мурињо доби потврда дека бил изигран

3750

Рома денеска и официјално потврди кој ќе седи на клупата во иднина. Станува Де Роси, кој го замени Жозе Мурињо кој во јануари доби отказ по поразот од Милан. Тој натпревар заврши со 3:1 и воедно беше последен пат Португалецот да седне на клупата на овој тим.

Мурињо имаше одлични резултати со Рома, а секако се издвојува освојувањето на Конференциската лига во 2022 година. Сепак, не помина сè така лесно после тоа.

Откако доби отказ, на негово место за нов тренер беше назначен легендарниот Де Роси, а сето тоа беше одлично прифатено од фудбалерите на Рома. Токму поради ова Мурињо верува дека неговите играчи го предале.

По доаѓањето на Де Роси, Рома заигра многу подобро, па сомнежите на Мурињо за предавство од страна на играчите на овој тим се зголемија.

Управата на Рома синоќа имаше интервју со Де Роси, а сега и официјално објавија дека тој и следната сезона ќе биде тренер на овој клуб.

Иако се очекуваше тој да биде само привремено решение додека Рома не најде друг тренер, очигледно Де Роси ги задоволи апетитите на раководството на овој клуб и останува на тренерската позиција.

Планот на Рома е да направи соработка со Де Роси која ќе трае доста долго, а повеќе детали за јавноста ќе бидат соопштени во наредните денови.

ПретходноАеродромци зачувајте го датумот: Познато е кога МЗТ Скопје го игра првото полуфинале!
СледноХаос во ракометната српска лига: Црвена Звезда го напушти теренот (ВИДЕО)