Неверојатен, фантастичен успех на школата на ФК Пелистер. Откако завчера кадетите и помладите пионери изборија пласман во финалињата во Купот на Македонија, денеска тоа го сторија и пионерите. Значи хет-трик финале во Купот за ФК Пелистер.
Денеска во полуфиналето во Купот за пионери Пелистер го победи Работнички со 2:0 и тоа со головите на Лука Лисолајски во 36. и Даниел Чавдароски во 79.минута и со тоа си закажаа финале со пионерите на Брера која пак во полуфиналето славеше против Шкупи од 1:0.
Затоа секоја чест за ФК Пелистер, секоја чест за Битола која уште еднаш покажа дека никогаш не престана да изнедрува таленти во мак-фудбалот.