Атланта ја заврши сезоната во НБА лигата, па капитенот на српската кошаркарска репрезентација Богдан Богдановиќ наскоро треба да се врати во својата земја, а таму главна тема се Олимписките Игри во Париз. Нашиот северен сосед ќе игра во група со САД, кој ќе допатува во најсилен состав.
„До Олимписките игри во Париз, треба да се подготвиме за тоа. Се уште не сум направил план и програма, ќе го направам тоа уште сега.
На Олимписките игри Американците секогаш доаѓаат со најсилниот тим, тоа ќе биде добар натпревар за нас и добро искуство. Сите тие играчи во еден тим, кои можат да се соберат само на Олимписките игри“, рече Богдан Богдановиќ, кој во Атланта беше домаќин на првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ, кој беше на неколку НБА мечеви. Единствениот Македонец кој заигра во НБА-лигата беше пречекан со широко отворени врати од страна Хоукси.