Ембид и ветеран ја спасија Филаделија и ја одведоа во плеј-офот (ВИДЕО)

115

Филаделфија по драма го победи Мајами Хит со 105:104 и се зацврстија на седмата позиција во плеј-офот. Од друга страна, Чикаго Булс беа подобри од Атланта Хокс (131:116). Со тоа Хоукс беа елиминирани, додека Булс и Хит ќе одиграат уште еден натпревар во кој победникот ќе влезе во плејофот како последнопласирана екипа. Да потсетиме, ден претходно Лос Анџелес Лејкерс ја освоија седмата позиција на Западот, додека за осмата позиција ќе играат Сакраменто Кингс и Њу Орлеанс Пеликанс.

Клучниот играч кај Сиксерс очекувано беше Џоел Ембид, сè уште актуелниот МВП на лигата. Во првите три четвртини од средбата шутираше само 3/12 од играта. Во последната четвртина постигна 11 поени и беше најдобар стрелец на тимот со вкупно 23 и 15 скока. Покрај него во центарот на вниманието се најде ветеранот Батум, кој го блокираше Хироу да постигне тројка и зад своето име запиша 20 поени.

Кај Мајами Хит кој имаше 14 поени предност, најдобар беше Тајлер Херо со 25 поени (9/27 шут) и девет асистенции. Џими Батлер, традиционално еден од најдобрите играчи во лигата во плеј-офот, имаше 19 поени.

Мајами ќе има уште една шанса да влезе во плејофот против Чикаго, кој пак ја декласираше Атланта со 131-116. Вајт постигна 42 поени, Вучевиќ оствари дабл-дабл од 24 поени и 12 скокови кај победникот. Во редовите на Атланта најдобар беше Мареј со 30 поени.

ПретходноГвардиола: Нема да одговарам на прашањата што направил Анчелоти!
СледноНБА финиш во Втората лига: Ангели во полуфинале со луда тројка (ВИДЕО)