Историја: Англичаните укинаа прастаро правило во ФА Купот!

550

Се менува фудбалот, па затоа се менуваат и некои стари односно прастари правила. Имено нема веќе да се играат повторени мечеви во ФА Купот. Оваа вест ги израдува сите клубови во Англија, се знае и зошто.

Инаку натпреварите во ФА Купот се играат 153 години и ова правило беше еден вид стандард.

Ова доаѓа откако ФС на Англија и Премиерлигата се договорија да нема повторени мечеви. Првично беше кажано дека новото правило ќе важи само од третата рунда, но дефинитивно е договорено сепак да важи од стартното коло.

Додека само во квалификациите ќе се играат реванши.

Со ова ќе се намали бројот на натпревари, а во случај еден натпревар од ФА Купот да заврши без победник ќе се играат продолженија па ако треба ќе се изведуваат и пенали.

Претходно„Сите тие играчи можат да се соберат во еден тим само за ОИ“
СледноАндриј Лунин: Не сум јас херој…..