Иако има 40 години, легендата на Вардар Тимур Дибиров, и натаму игра и тоа како добар ракомет. Русинот кој Македонија ја смета за своја втора татковина, и во следната сезона ќе го носи дресот на Загреб.
Освен со Дибиров, раководството на хрватскиот ракометен клуб ги продолжои договорите и со Јаков Гојун.
Кога сме кај Дибиров да потсетиме дека тој цела една деценија го носеше “црвено – црниот“ дрес, во светот на ракометот се впиша како едно од најдбрите леви крила во историјата на овој спорт, а и беше еден од најзаслужните за двете титули на РК Вардар европски шампион во 2017 и 2019.