Секоја чест за битолчани: И пионерската екипа на Пелистер се пласираше во финалето на Купот!

409

Неверојатен, фантастичен успех на школата на ФК Пелистер. Откако завчера кадетите и помладите пионери изборија пласман во финалињата во Купот на Македонија, денеска тоа го сторија и пионерите. Значи хет-трик финале во Купот за ФК Пелистер.

Денеска во полуфиналето во Купот за пионери Пелистер го победи Работнички со 2:0 и тоа со головите на Лука Лисолајски во 36. и Даниел Чавдароски во 79.минута и со тоа си закажаа финале со пионерите на Брера која пак во полуфиналето славеше против Шкупи од 1:0.

Затоа секоја чест за ФК Пелистер, секоја чест за Битола која уште еднаш покажа дека никогаш не престана да изнедрува таленти во мак-фудбалот.

ПретходноОна кога Пеп зјапа во Родриго, а тој се смее! (ВИДЕО)
СледноСтруга ТЛ, Шкупи и Шкендија нека му ја мислат: Една од овие три екипи ова лето нема да игра во Европа!