Струга ТЛ, Шкупи и Шкендија нека му ја мислат: Една од овие три екипи ова лето нема да игра во Европа!

5082

Елиминацијата на Шкупи од Купот на Македонија секако дека ќе донесе и тоа како вжештување во битката за титулаа, но и за второто место.

А се знае дека во трка се три екипи и тоа Струга ТЛ (55 бода), Шкупи (54) и Шкендија (52).

Велиме вжештување зошто третата позиција не носи Европа како што беше порано. Токму затоа Струга ТЛ и Шкендија навиваа за Шкупи да го освои Купот и тој клуб така да оди во Европа, преку Купот.

Но сега во квалификациите за Лигата на Конференции ќе играат или Тиквеш или Воска, значи кој ќе го победи во големото финале во Купот на Македонија ќе игра и во Европа.

Но да се вратиме кај првите три на табелата.

Ако се знае дека за сезоната 2024/25 Македонија ќе има само три претставника во Европа тогаш јасно е дека за таа екипа која на крајот ќе биде третопласирана нема Европа.

Значи ако првенството во ПМФЛ заврши сега тогаш како шампион Струга ТЛ ќе игра во квалификациите за ЛШ, Шкупи како втор ќе игра во квалификациите во ЛК. За третата Шкендија нема Европа.

Но до крајот има да се одиграат уште шест кола и некои работи можат да се сменат.

Затоасега битката за титулата, поточно за првите две места, ќе биде вистински пекол.

ПретходноСекоја чест за битолчани: И пионерската екипа на Пелистер се пласираше во финалето на Купот!
СледноКрстовски со осми гол сезонава донесе нова победа за Домжале