Ѓорческа во полуфинале во двојки на турнирот во Словенија

100

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето во конкуренција на двојки на ИТФ фјучрс турнирот W75 Копер. Таа заедно со Романката Кристина Андреа Миту со 2-0 во сетови (64 61) за 1 час и 11 минути ги совладаа Ивана Себестова од Чешка и Анастасија Константиновна Соболева.

Утре во полуфиналето за противнички ги имаат првите носителки Вероника Ерјавец од Словенија и Доминика Салкова од Чешка. Според распоредот на мечеви полуфиналето треба да почне по 14 часот.

Инаку, Ѓорческа денеска беше елиминирана во поединечна конкуренција во второто коло од Дебора Киеса од Италија со 2-0 во сетови

Претходно„БИЛД“: Трансферот на Елмас во РБ Лајпциг е големо зимско промашување
СледноКЛ: Фиорентинa и Астон Вила се први полуфиналисти