„Влегов во канцеларијата на Анчелоти, тој плачеше, ми кажа да не си одам“

5507

Касемиро, заедно со Лука Модриќ и Тони Крос, десет години беше владетел на средниот ред на Реал Мадрид и тоа трио важи за најдобриот среден ред во историјата на фудбалот.

Бразилецот пред речиси две години реши да го напушти „кралевите“, а сега конечно проговори за заминувањето од Мадрид.

Особено му било тешко кога требало да се збогува со Карло Анчелоти. Во канцеларијата го затекнал славниот Италијанец како плаче.

“Решив да заминам по освојувањето на Лигата на шампионите. Веќе видов дека моето време во Мадрид заврши, бев на вистинската возраст за заминување, сакав да продолжам да напредувам. Одлуката не беше воопшто лесна, луѓето ме сакаа многу“, рече Бразилецот и продолжи:

“Само еднаш се двоумев околу заминувањето од Реал во Манчестер Јунајтед. Беше петок и се беше готово. Морав да тренирам и не тренирав, единственото нешто што недостасуваше беше потпис”.

Отидов да разговарам со Анчелоти, а тој веќе знаеше дека заминувам. Влегов во неговата канцеларија, тој се сврте и почна да плаче, ми рече дека не сака да си одам, дека многу ме сака…“

„Тогаш почнав да се сомневам дали сакам да заминам, но веќе му дадов збор на Јунајтед и тоа е поважно од се“, заврши Бразилецот.

Можеби овие зборови на легендарниот Бразилец најдобро опишуваат каков тренер навистина е Анчелоти и зошто многу играчи уживаат да работат под негова палка.

Италијанецот знае како да допре до фудбалерите и како да ја задржи контролата во соблекувалната без разлика на бројните ѕвезди и освен неговата тактичка генијалност, ова е можеби клучниот фактор поради кој се смета за најдобар досега.

Бразилскиот играч за врска проговори и за чудата кои Реал ги повторува во Лигата на шампионите сезона по сезона. Последното се случи со елиминацијата на Манчестер Сити во четврт-финалето на пенали.

ПретходноДе Роси: Горд сум што тренирам ваков тим
СледноИталија веќе има пет сигурни места во Лигата на шампиони!