Младен Жижовиќ со елиминацијата во Купот на Македонија се чини дека самиот си го потпиша отказот во Шкупи. Во секој момент раководството на клубот од Чаир ќе објави дека тој веќе не е тренер на тимот. Фактот дека денеска на утринскиот тренинг не присуствувал говори многу.
Како што дознаваме има неколку кандидати за негов наследник, пред се тука се Илчо Ѓорѓиоски, екс тренер на Македонија ЃП, Вардар, Брегалница и поранешен претседател на ФФМ, потоа Славче Војнески и други.
Во недела Шкупи во рамките на 28.коло се среќава со Силекс во Кратово, па ќе видиме кој ќе го води тимот.