Викендов се играат натпреварите од 28.коло во ПМФЛ. Вардар – Воска е дуелот кој предизвикува огромно внимание, а се знае и зошто, а овој меч ќе го суди Димитар Пилешков од Штип. Јован Качевски од Струга ќе биде “главен“ во Кавадарци каде играат домашниот Тиквеш и Шкендија, а во Штип се среќаваат Брегалница и Работнички, меч на кој правдата ќе ја дели Стојанче Трпчевски од Кавадарци.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 28.КОЛО – НЕДЕЛА (16 Ч)
Гостивар – Брера: Александар Ставрев (Скопје)
Тиквеш – Шкендија: Јован Качевски (Струга)
Силекс – Шкупи: Александар Грујоски (Кичево)
Македонија ЃП – Струга ТЛ: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)
Вардар – Воска: Димитар Пилешков (Штип)
САБОТА, 16 Ч
Брегалница – Работнички: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)