Ракометарите на Алкалоид со убедлива победа од 35:20 го отвори 10. коло од плеј-офот во Суперлигата. Избраниците на Кире Лазаров немаа тешка задача против стружани и со стабилна игра во двете полувремиња дојдоа до посакуваниот резултат.
Алкалоид на полувреме имашпе предност од 15:10, а во вториот дел истата беше и сериозно зголемена.
Дамјан Митев со 7 и Кристијан Симоновски со 5 гола беа најефикасните во составот на домашните. Кај гостите Симоноски постигна 6 погодоци.