Македонскиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу ја продолжи голгетерската низа во дресот на Падреборн. Откако постигна гол во поразот од Херта (2:3) пред две недели, нашиот дефанзивец денеска повторно „тресеше“ на меч од германската „Цвајте“.
Муслиу погоди за 0:2 за својот Падерборн во победата на гостувањето кај Нирнберг. Со овој триумф Падрборн остана во златната среина на табелата, а Висар дојде до бројката од три гола оваа сезона во 2. Бундеслига.
🇩🇪 Goal: Visar Musliu | Nürnberg 0-2 Paderbornpic.twitter.com/FdpdHsGuNB
— FootColic ⚽️ (@FootColic) April 19, 2024