Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез ја однесе Астон Вила во полуфиналето на Лигата на конференции. Одбрани два пенали во пенал серијата и му помогна на својот тим да го елиминира француски Лил.
А во пенал серијата се водеа полемики зошто не е исклучен затоа што доби жолт картон кој му беше втор на натпреварот.
Причината е посебно правило за кое малкумина знаат. А аргентинскиот голман очигледно знаел: „Предупредувањата и картоните кои се изречени на играчите и членовите на тимот во текот на натпреварот не се пренесуваат во пенал серијата“, стои во правилникот.
Па така Мартинез кој доби жолт картон за време на мечот, во пенал серијата ги провоцираше играчите се караше со навивачите и доби жолт картон, но не беше исклучен.
Но Аргентинецот заборави на друг момент. Можеби не доби исклучување на овој меч, но поради овие два жолти картони ќе го пропушти првиот полуфинален меч од ЛК против Олимпијакос.
Why was Emi Martinez allowed to stay on the pitch for Aston Villa’s Penalty shootout despite being booked twice? 🟨🟨 pic.twitter.com/vZsfKGyEva
— Sky Sports News (@SkySportsNews) April 19, 2024