Евертон претрпе нов удар во борбата за опстанок во Премиер Лигата, откако беше откриено дека дефанзивецот Нејтан Патерсон ќе паузира до крајот на сезоната поради повреда и ќе мора да оди на операција. Повредата на 22-годишниот бек значи дека тој нема да биде достапен и за репрезентацијата на Шкотска на ЕП 2024.
„Многу несреќна повреда. Разочарани сме не само за него, туку и за нас самите“, изјави тренерот Шон Дајч.
Екипата на Евертон се наоѓа на 16-тото место со 27 бодови, само две места над опасната зона. На клубот оваа сезона му се одземени 8 бода поради две казни за прекршување на правилата на финансискиот фер-плеј.
Дајч исто така изјави и дека се надева дека Џарад Брантвејт, Доминик Калверт-Луин и Идриса Гана Геј ќе можат да настапат на натпреварот против Нотингем Форест во недела.