Италија ќе има пет екипи кои ќе се натпреваруваат во сезоната 2024/25 во Лигата на шампионите, откако Рома го елиминира Милан, Аталанта го елиминира Ливерпул во Лига Европа и Фиорентина втора година по ред се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига.
🚨 If Atalanta and Fiorentina qualify for the semi-finals tonight, Serie A will have 8 clubs in Europe next season:
5 in the Champions League, 2 in the Europa League and 1 in the Conference League!
(Source: @footballitalia) pic.twitter.com/jPG9oAjijt
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 18, 2024
Оваа бројка може да се зголеми, на дури шест екипи од „чизмата“ во Лигата на шампионите. За да се случи ова, Рома или Аталанта треба да го освојат пехарот во Лигата Европа и притоа да останат надвор од Топ-5 во Серија А, а Фиорентина да триумфира во Конференциската лига и да биде надвор од топ-8 дома.
Италијанската федерација е првата која доби дополнително место на најпрестижниот клупски турнир во Европа, додека Германија и Англија ќе се борат и за петта екипа на „турнирот на богатите“.
Претстојното издание 2024/2025 на највисокото натпреварување ќе има 36 клубови наместо познатиот формат на 32 тима, а исто така ќе има и голем број други внатрешни промени во структурата на натпреварите кои ќе ги одредуваат тимовите кои ќе напредуваат во нокаут-фазата.