Ништо од Баерн – Нагелсман го продолжи договорот со Германија

187

Низ медиумите во Германија се пишуваше дека Јулијан Нагелсман по ЕП 2024 ќе ја напушти репрезентацијата и ќе се врати во Баерн Минхен. Но од тоа нема ништо, затоа што селекторот го продолжи договорот со Фудбалскиот сојуз на Германија.
Договорот на младиот тренер со Германија истекуваше по завршување на ЕП 2024, но сега потпиша нов според кој ќе остане до 2026 година.
Нагелсман беше тренер на Хофенхајм со кој стигна до четвртото место на табелата и беше прогласен за тренер на 2017 година, потоа со РБ Лајпциг го освои Купот на Германија, а потоа со Баерн ја освои Бундес лигата и два Суперкупа на Германија. Од март минатата година е на функцијата селектор на Германија.

ПретходноЖижовиќ доби(ва) отказ, кандидати за тренер на Шкупи се Илчо Ѓорѓиоски, Славче Војнески…
СледноСудии за ПМФЛ: Пилешков “главен“ на мечот Вардар – Воска, Качевски во Кавадарци, Трпчевски во Штип