Норис на пол позицијата во Шангај, конечно вистинскиот Хамилтон

220

Тркачкиот викенд во Шангај започна, а на дождливо време се возеа квалицикациите за утрешната спринт трка. Изненадување направи Ландо Норис кој стигна до пол позицијата, а на трката видовме одличен настап на Луис Хамилтон.
Норис во болидот на Мекларен имаше фантастичен круг во третиот дел од квалификациите во дождливи услови (1:57.940). А Хамилтон имаше за една секунда послабо време и дојде до втората позиција за утрешниот спринт.
Третото место го зазема Фернандо Алонсо во болидот на Астон Мартин, а зад него заврши актуелниот шампион Макс Верстапен. Петти ќе стартува Карлос Сајнц во Ферари, а зад него се пласираа Перез, Леклер, Пиастри, Ботас и Гуању.

ПретходноСега не само во Германија туку и во Европа – Баер е рекордер по број на мечеви без пораз
СледноЕл Мундо: Зидан на кормилото на Баерн