Рома го победи Милан (2:1) на стадионот „Олимпико“ и се пласираше во полуфиналето на Лига Европа со вкупен резултат 3:1.
Во 72. минута се случи сцена која беше споделена на социјалните мрежи. Дефанзивецот на Рома, Диего Љоренте притрча до својот тренер Даниела Де Роси и гестикулираше дека го интересира колку минути има до крајот на натпреварот. Де Роси, играчката легенда на Рома и наследник на тренерот Жозе Мурињо, тогаш збесна. Тој замавна со рацете и го брка Љоренте назад на теренот, што можете да го видите на видеото подолу.
Angry and funny reaction by De Rossi during Roma-Milan
byu/ForzaInter_1908 insoccer
Рома, пак, во полуфиналето ќе игра против шампионот на Бундеслигата, Баер од Леверкузен.