Судии за ПМФЛ: Пилешков “главен“ на мечот Вардар – Воска, Качевски во Кавадарци, Трпчевски во Штип

1426

Викендов се играат натпреварите од 28.коло во ПМФЛ. Вардар – Воска е дуелот кој предизвикува огромно внимание, а се знае и зошто, а овој меч ќе го суди Димитар Пилешков од Штип. Јован Качевски од Струга ќе биде “главен“ во Кавадарци каде играат домашниот Тиквеш и Шкендија, а во Штип се среќаваат Брегалница и Работнички, меч на кој правдата ќе ја дели Стојанче Трпчевски од Кавадарци.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 28.КОЛО – НЕДЕЛА (16 Ч)

Гостивар – Брера: Александар Ставрев (Скопје)

Тиквеш – Шкендија: Јован Качевски (Струга)

Силекс – Шкупи: Александар Грујоски (Кичево)

Македонија ЃП – Струга ТЛ: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)

Вардар – Воска: Димитар Пилешков (Штип)

САБОТА, 16 Ч

Брегалница – Работнички: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)

ПретходноНишто од Баерн – Нагелсман го продолжи договорот со Германија
СледноДоби два жолти картони, а не беше исклучен