Доби два жолти картони, а не беше исклучен

286

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез ја однесе Астон Вила во полуфиналето на Лигата на конференции. Одбрани два пенали во пенал серијата и му помогна на својот тим да го елиминира француски Лил.
А во пенал серијата се водеа полемики зошто не е исклучен затоа што доби жолт картон кој му беше втор на натпреварот.
Причината е посебно правило за кое малкумина знаат. А аргентинскиот голман очигледно знаел: „Предупредувањата и картоните кои се изречени на играчите и членовите на тимот во текот на натпреварот не се пренесуваат во пенал серијата“, стои во правилникот.
Па така Мартинез кој доби жолт картон за време на мечот, во пенал серијата ги провоцираше играчите се караше со навивачите и доби жолт картон, но не беше исклучен.

Но Аргентинецот заборави на друг момент. Можеби не доби исклучување на овој меч, но поради овие два жолти картони ќе го пропушти првиот полуфинален меч од ЛК против Олимпијакос.

ПретходноСудии за ПМФЛ: Пилешков “главен“ на мечот Вардар – Воска, Качевски во Кавадарци, Трпчевски во Штип
СледноФутсал финалето во Купот ќе се одигра во Велес