Жижовиќ доби(ва) отказ, кандидати за тренер на Шкупи се Илчо Ѓорѓиоски, Славче Војнески…

2606

Младен Жижовиќ со елиминацијата во Купот на Македонија се чини дека самиот си го потпиша отказот во Шкупи. Во секој момент раководството на клубот од Чаир ќе објави дека тој веќе не е тренер на тимот. Фактот дека денеска на утринскиот тренинг не присуствувал говори многу.

Како што дознаваме има неколку кандидати за негов наследник, пред се тука се Илчо Ѓорѓиоски, екс тренер на Македонија ЃП, Вардар, Брегалница и поранешен претседател на ФФМ, потоа Славче Војнески и други.

Во недела Шкупи во рамките на 28.коло се среќава со Силекс во Кратово, па ќе видиме кој ќе го води тимот.

ПретходноФараните ги отворија „картите“ за пресметката со Македонија
СледноНишто од Баерн – Нагелсман го продолжи договорот со Германија