Македонската машка ракометна репрезентација наскоро ќе ги започне мини-подготовките за бараж дуелот со Фарски Острови вреден пласман на Светското првенство 2025 година.
Првата средба се игра на 8. мај во Торшавн, во сала која има капацитет 1.700 места. Половина и повеќе од билетите за оваа средба веќе одамна се распродадени, а колку ракометот во оваа земја замав говори фактот дека Фараните ќе имаат поддршка и во Скопје за реванш мечот.
Според тамошните медиуми околу 100 гостински навивачи ќе има на трибините во СЦ „Борис Трајковски“ на 12. мај. Билетите за оваа средба веќе се пуштени во продажба.