Финска ѕвезда на ручек со Ѓоковиќ: Тој е веган, не знам дали би уживал во храната!

559

Финскиот хокеар Александар Барков, центар на Флорида Пантерс и еден од најдобрите играчи во НХЛ, одговараше на прашања за официјалната веб-страница на американскиот клуб. Водителот го праша Барков со која позната личност би сакал да руча или пиво, а тој го избра најдобриот тенисер досега, според многумина, Новак Ѓоковиќ.

„Би рекол Новак Ѓоковиќ, но тој е веган, па не знам дали би уживал во храната. Веројатно би го земал со мене, но само на разговор“, вели Барков, вториот пик на 2013 година. Оттогаш е во редовите на „Панцерите“ за кои на 737 натпревари од најсилната хокеарска лига во светот постигна 266 гола и даде 445 асистенции. Барков важи за врвен центар кој игра и во двата правци, напад и одбрана.

Ѓоковиќ, рекордерот со 24 титули на најсилните тениски Гренд слем турнири, со 36 години се уште го држи првото место на АТП-листата. Во 2010 година почна да ја менува исхраната и се откажа од глутенот, млечните производи и рафинираниот шеќер, а ја намали и потрошувачката на црвено месо. Денес, тој консумира растителна храна, но наводно од 2022 година не е веган, туку вегетаријанец.

ПретходноФлекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
СледноСалцбург е последниот патник на Светското клупско од Европа