Абердин не успеа да се пласира во финалето на шкотскиот Kуп затоа што во полуфиналето се елиминирани од Селтик во драматичен меч кој заврши 2:2 во регуларниот дел и 3:3 по продолженијата. На пенали подобар беше Селтик.
„Донс“ добро го отворија мечот, Бојан Миовски уште во втората минута ја затресе мрежата на гигантот и тоа на „Хемпден парк“, но изедначи Николас Герит Кун во 21. минута.
Во 63 минута Џејмс Форест го доведе Селтик во водство, а во 90 минута Абердин избори продолженија со погодокот на словенечкиот играч Естер Соклер.
Се отиде во продолженија, во 100. минута Миовски излезе жалејќи се на повреда.
Во 105 минута Мат О’Рајли погоди за нова предност на Селтик. Неколку минути подоцна следуваше контроверзен момент. Играчите на Абердин бараа пенал во дуел на еден нивни играч и капитенот на Селтик. Судијата прво свирна прекршок, па почека одлука од ВАР и потоа ја смени одлуката. Но во 120 минута Абердин стигна до реми со голот на Мекдоналд.
Следуваа пенали. Во нив Селтик поуспешен со 6:5.
Победа на Селтик и пласман во јубилејното 60-то финале на Kупот.
Селтик во финалето ќе го чека подобриот од мечот Ренџерс-Хартс кој се игра во недела (21 мај).