Анчелоти пред Ел Класико: Тортата е испечена, треба уште да ставиме шлаг

675

Тренерот на Реал Мадрид – Карло Анчелоти, зборуваше на прес-конференција пред утрешното Ел Класико. Логично ја коментираше и драмата со Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Водството на „лос бланкос“ пред Барселона е 8 бода, но доколку победат „Каталонците“ ќе се вратат во игра за првото место бидејќи по Ел Класико има уште 6 натпревари. Сепак, нерешено и успех на „кралевите“ практично ќе биде еквивалентно на титула.
Блиску сме до титулата, но Барселона е многу силен противник. Тортата е подготвена, испечена, а овој месец треба да го додадеме шлагот“, изјави Анчелоти.

Некои од играчите не тренираа по мечот на „Етихад“, но Ферлан Менди е единствениот кој најверојатно ќе остане резерва, бидејќи беше вклучен во групата.
Добро закрепнуваме. На некои им треба уште еден ден, како мехнди на пример. Тој е многу важен за нас бидејќи е најдобриот бек во светот. Ниту на тренинзите не е лесно да се помине. Да, Родриго ќе одмара…утре до почетокот на натпреварот. Тој е многу добар. Имаше деликатни моменти кога не постигна гол, но сега е многу добар“, вели Италијанецот.

Тој ги коментираше и критиките за стилот на игра на Реал Мадрид на реваншот против Манчестер Сити.
Критиките не ме изненадуваат. Секој има право да го каже своето мислење. За мене е важно мојот тим да игра добро и со и без топка. Ние игравме одлично. И не видов ниту еден тажен навивач на Реал Мадрид“, изјави Анчелоти.

ПретходноСтоле и Рајо со пресврт до победа над Осасуна
СледноВардар не дозволи изненадување, убедлива победа над Тиквеш