Бернардо Силва го однесе Сити во финалето на ФА Купот (ВИДЕО)

173

Фудбалерите на Манчестер Сити се први финалисти во ФА Купот откако денеска на „Вембли“ го совладаа Челзи со 1:0.

Херој во победата на Челзи беше Бернардо Силва, стрелец на единствениот гол во 84. минута.

Пеп Гвардиола извади прилично силен состав, иако само неколку дена претходно имаше тежок меч со Реал. Од друга страна, Маурисио Покетино одигра речиси со идентичен состав кој му даде шест гола на Евертон, освен што Мадуеке доби шанса пред Мудрик.

Сити доминираше, иако не беше доволно конкретен, но на гол се изначекавме до самата завршница на мечот. Во 84. минута, Доку започна акција по лево крило, го проигра Де Бруин, кој упати остра топка низ шеснаесетникот, која мина низ нозете на фудбалерите на двата тима, стигна до Силва на втора статива, кој погоди за победа.

Сути во финалето за противник ќе го има победникот од утрешниот дуел меѓу Ковентри и Манчестер Ј.

ПретходноВардар со победа над Кожув останува во трка за опстанок
СледноМЗТ Скопје А. со трета победа над Гостивар го потврди полуфиналето